Советот за безбедност по една година ќе расправа за безбедносната состојба
Советот за безбедност попладнево ќе ја одржи првата седница во оваа година. Северна Македонија периодов се соочува со нарушени односи со Бугарија и со подготовки за процедурата во Собранието за донесување на уставни измени. На состанокот може да стане збор и за тензиите на северот на Косово.