Убиена 83-годишна жена во Струмица
Убиена е 83 годишна жена во Струмица, покажуваат првичните резултати од обдукцијата на пронајденото тело на 20 јануари. Обвинителството во своето соопштение посочуваат дека обдукцијата покажала насилна смрт.
„Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра,“ се вели во соопштението на Обвинителството.
Во него е наведено дека отворена е истрага за откривање на сторителот на кривичното дело и дека од лице место на настанот биле подигнати траги кои веќе се предмет на вештачење.
„Во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети“, се вели во соопштението на обвинителство.
Обвинителот и полицијата разговараа со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија.