Скопје и Софија нема да дозволат да се „распали оган“ на роденденот на Делчев
Не смее да се дозволи инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев. Тој, пак, изјави дека нема да дозволат некои луѓе и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи.