Борбата против корупцијата поткопана од неефикасното правосудство
Власта отвора нови случаи против корупција, но „фалинките“ во правосудството ги поткопуваат тие напори, наведува Транспарени интернејшнал. Годинава Македонија е на 85-то место, со 40 индексни поени на Индексот на перцепција на корупција. Подобри од нас во регионот се Црна Гора и Косово.