Над 10 илјади здравствените работници на протест во Брисел
Повеќе од 10 илјади вработени во болниците и во старечките домови денеска протестираа во центарот на Брисел, со барање за подобри услови за работа и повисоки плати.
Здравствениот сектор беше особено тешко погоден за време на пандемијата на ковид-19.
Протест против поскапувањата во Брисел
Синдикалците и работниците бараат вработување повеќе луѓе во болниците и старечките домови, како и значително зголемување на платите за овој сектор да стане попривлечен за младите стручњаци.
Белгиската влада признава дека постојат проблеми, но се уште не излезе со план за решавање на кризата.
Синдикатите порачаа дека не можат да чекаат до изборите во 2024 година.