Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Маричиќ: Време е да разговараме со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Македонско радио вели дека време е да седнат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ да разговараат околу уставните измени и зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот.


„Дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, да почне суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам, на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи, дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон Европската Унија поради ова прашање“, истакна вицепремиерот за европски прашања.


Маричиќ вели дека со додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите.




Осврнувајќи се на реконструкцијата на Влада, тој наведе дека целта е да се зајакне владиното мнозинство, да се стабилизира државата економски и да се направат потребните чекори за продолжување на евроинтегративниот пат.


„Многу е важно навистина сите партии коишто се за Северна Македонија да стане брзо членка во Европската Унија да застанат на оваа страна и да ги поддржат и реформите што е поважно, но и неопходните уставни измени коишто ќе нè однесат автоматски во наредна фаза“, рече Маричиќ.


Односите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година. Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа, но Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *