Временска прогноза - Променливо облачно
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата. Поради разведрувањето минималните температури во првите два дена од следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нула.