Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Маричиќ- „Прашање за милион долари“ е дали ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени до јуни

Ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка и со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него, а дали ќе имаме двотретинско мнозинство е „прашање од милион долари“ на кое во моментов немам одговор, изјави денеска од Брисел вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.


Тој посочи дека идеално сценарио, според него е собраниската процедура за уставните измени да започне пред летото, некаде во јуни, за да може да се спроведе инклузивна постапка со експерти и опозицијата. 


Тој очекува во наредните две до три недели да се формулираат уставните амандмани во Министерството за правда и додава дека веќе е повикана опозицијата да учествува во овој процес.


Тој нагласи дека по нивното формулирање ќе следи јавна расправа на која ќе се дискутира по тие амандмани во нивната суштина, пред се во однос на нивното значењето, надвор од самото внесување на неколку заедници во Уставот, по што веднаш се очекува тие да влезат во собраниска процедура.




Маричиќ очекува за важноста на уставните измени  да се разговара и за време на претстојната посета на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје.



„Ние ќе ги искористиме тие средби и таа можност да укажеме на тоа дека е важно, доколку сакаме да успееме во процесот на уставни измени и во процесот на имплементација на договореното со „францускиот предлог“, дека ќе мора партнерски да функционираме и од двете страни и од Скопје и од Софија“, рече Маричиќ.




Односите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година. Блокадата делумно се надмина летоска со прифаќањето на таканречениот „француски предлог “ и стартуваше скрининг процесот земјава, но Бугарија го условува отворањето на поглавјата од преговорите со ЕУ  со внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *