Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Амбасадорот на САД во Косово за предлогот на ЕУ-Нема подобар договор

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово, Џефри Ховениер денеска изјави дека предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија носи реални, практични, политички и економски придобивки. Тој потсети дека страните го прифатиле овој предлог и додаде дека за негово спроведување ќе се разговара во текот на викендот.



Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се сретнат во Охрид на 18 март, а се очекува двајцата лидери да се договорат за создавање на патоказ за имплементација на европскиот предлог.



„Морам да бидам јасен, САД веруваат дека нема подобар договор во овој момент. Ова е важен чекор напред“, рече Ховениер на прес-конференција во Приштина на 15 март. 


Тој посочи  дека фокусот сега треба да биде на „успешната и ефективна имплементација“ на предлозите за нормализирање на односите.






САД дополнително ќе инвестираат за да му помогнат на Косово со приемот во Партнерството за мир, доколку официјална Приштина даде конструктивен придонес за нормализација на односите. Партнерство за мир е програма за практична билатерална соработка помеѓу поединечни евроатлантски партнерски земји и НАТО.



На прашањето дали САД го промениле ставот во однос на правно обврзувачкиот договор со взаемно признавање, Ховениер изјави дека нема промена на ставот туку „препознавање на реалноста“. 



„Позицијата на САД е јасна, тоа беше и ќе биде и не гледаме дека се менува. Но, мораме да се соочиме со моментот во кој се наоѓаме и мислам дека реалноста, или различните фактори, на во голема мера поради одлуката донесена од раководството во Србија, во овој момент не постои голема веројатност да се постигне меѓусебно признавање и потребата од ново статус кво, репозиционирање на односите Косово-Србија што придонесува за поголема регионална стабилност и му овозможува на Косово да одиме напред“, одговори тој на прес конференцијата. 




Ховениер смета дека евентуалниот договор во Охрид може да доведе до учество на Србите на изборите за градоначалници во општините на север, кои се закажани за 23 април.



Српска листа, најголемата партија на косовските Срби, претходно објави дека нема да учествуваат на овие избори бидејќи не се исполнети барањата поради кои тие ги напуштаат косовските институции.



Заедно со нив оставки поднесоа и вработените во полицијата, судството и локалната администрација во ноември минатата година, а еден од условите за нивно враќање беше формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *