Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Судири со демонстранти при обид на полицијата да го уапси пакистанскиот екс-премиер Имран Кан

Нови судири се случија меѓу пакистанската полиција и приврзаниците на поранешниот пакистански лидер Имран Кан додека безбедносните сили веќе втор ден се обидуваа да го  привеадат Кан во неговата резиденција во североисточниот град Лахоре.


Над 50 полицајци и десетина демонстранти се повредени при судирите кои од започнаа вчера и се уште траат. Голем дел од повредените се примени во болница на лекување,  јавуваат локалните медиуми.


Судирите започнаа на 14 март, кога следбениците на политичката партија на Кан, Пакистан Техрик-е Инсаф (ПТИ), се собраа пред резиденцијата на Кан во Лахоре, откако полицијата пристигна да го уапси Кан во случај со мито преку државни подароци.


Од неговото соборување минатиот април со гласање недоверба во парламентот, Кан постојано ги игнорираше налозите за апсење и судските покани во низа случаи против него, тврдејќи дека тие се заговор на владата предводена од неговиот наследник, премиерот Шехбаз Шариф.




Шариф изјави за пакистанската телевизија Гео на 14 март дека апсењето на Кан било наредено од суд и не било политичко.



Министерката за внатрешни работи Рана Санаулах изјави на собирот што се емитуваше во живо на локалната телевизија дека полицијата ќе го уапси Кан и ќе го претстави на суд.


Од друга страна пак, но помошникот на Кан, Шах Мехмуд Куреши, им рече на новинарите дека поранешниот премиер обезбедил „заштитна кауција“ од судот и затоа полицијата не можела да го уапси.



Два суда во Исламабад на 13 март издадоа налози за апсење на Кан поради неговото непојавување пред судии во случај со обвинувања дека Кан ги сокрил деталите од подароците добиени додека бил премиер во изјавите за имотна состојба и во случајот за тероризам. Окружниот суд и наложија на полицијата да го уапси и да го претстави на суд до 18 март. 


Кан ги повика своите поддржувачи да стигнат до неговата резиденција во Лахоре преку видео пораки и твитови. Тој ги повика своите поддржувачи „да ја продолжат борбата“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *