Приведени авганистански баратели на азил во Обединетите Арапски Емирати
Многу Авганистанци кои пребегаа во Обединети Арапски Емирати беа преселени во Соединетите Американски Држави, Канада и други земји, но „меѓу 2.400 и 2.700 Авганистанци кои се евидентираат како баратели на азил се затворени повеќе од 15 месеци во оваа земја во мизерни усливи без надеж за напредок во нивните случаи,“ се вели во соопштението од Хјуман рајтс воч.
„Обединети Арапски Емирати треба итно да ги ослободат произволно приведените и да обезбедат пристап до фер и ефикасни процеси за утврдување на нивниот статус и потреби за заштита“, се вели во соопштението.
Во нивното соопштение е наведено дека овие луѓе откако претрпеле значителна траума бегајќи од Авганистан, тие се соочуваат со дополнителна траума сега, откако поминаа повеќе од една година во неизвесност во Обединетите Арапски Емирати.
Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) неодамна објави дека бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигнал максимум во последните шест години и дека сириските граѓани се оние кои најмногу бараат меѓународна заштита.
Околу 15.500 Сиријци и 13.700 Авганистанци официјално побарале меѓународна заштита. Авганистанците се најголемата група на апликанти секој месец откако, Талибанците ја презедоа власта во летото 2021 година.