Ковачевски веднаш ќе бара одговор од МНР за неемитувањето на МТВ во Бугарија
„Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас“, изјави Ковачевски.
Според Договорот за пријателство со Бугарија, националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија. Тоа засега не е случај, бидејќи МТВ не се емитува во Бугарија.
За проблемот уште пред една година пишуваше РСЕ, откако во заклучок на Програмскиот совет на МРТВ, слабиот интернет сигнал се наведува меѓу причините за неемитувањето на макеодонската телевизија во бугарскиот етер.
Бугарската национална телевизија од 1 март лани ја емитува Македонски Телеком во нивната пакет понуда.