Ковачевски ја повика Софија да ги почитува пресудите на Стразбур за здруженијата на Македонците
„Македонци има во скоро сите држави во светот, како што има Македонци во САД, во Германија, во Швајцарија, така има Македонци и во Бугарија и во Грција, значи луѓе кои се определуваат како Македонци и ним им следуваат сите права што им следуваат на сите граѓани слободно да ја изразат својата желба за самоопределување“, рече Ковачевски денеска при посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во одговор на новинарско прашање.
Тој вели дека постојат пресуди на Судот за човекови права што Бугарија ги нема спроведено до денес да дозволи здружување на Македонците од Бугарија, но Софија одбива.
Македонија и Бугарија водат долгогодишен идентитетски, јазичен и историски спор, поради кој се блокирани и македонските евроинтеграции.