Бајден прогласи вонредна состојба по смртносното торнадо во Мисисипи
Американскиот претседател Џо Бајден на 26 март издаде итна декларација за Мисисипи, со што федералното финансирање е достапно за областите најтешко погодени од смртоносното торнадо што ги погоди најсиромашните делови на САД, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а десетици се повредени.
Невремето на 24 март кое траеше еден час погоди неколку градови. Екипите за пребарување и опоравување на 26 март ја продолжија застрашувачката задача да копаат низ остатоците од срамнети со земја и уништени домови, комерцијални згради и општински канцеларии откако стотици луѓе беа раселени.
Невремето беше проследено и со град со големина на тениско топче и се прошири низ јужниот дел на САД со ветрови кои се движеа со брзина од 113 километри на час.
Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување.
Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба. Малиот град Ролинг Форк е уништен во торнадото кое достигна брзина од 320 километри на час. Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД.