Путин потпиша указ за доживотна затворска казна за велепредавство
За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига.
Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.
Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.
Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години.