Времето денеска променливо облачно
Од УХМР информираат дека во Скопје ќе преовладува променливо облачно со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните два дена времето ќе биде релативно топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.