ЕУ со закон за регулација на вештачката интелигенција
Првиот закон за вештачка интелегенција се очекува да се изгласа до крајот на годинава. Европската унија оваа година веројатно ќе постигне договор што ќе го отвори патот за усвојување на првиот голем закон за вештачка интелигенција. Ова го изјави потпретседателката на Европската комисија задолжена за технолошки прашања, Маргрет Вестагер.
„Ова е неопходно за да се забрза воведувањето на неопходните промени во сите системи каде вештачката интелигенција ќе има огромно влијание“, изјави таа.
Вестагер посочи дека се очекува во законот да се воведе задолжително означување на фотографии генерирани од вештачката интелигенција. Во четвртокот, пратениците на Европскиот парламент постигнаа прелиминарен договор за проследување на нацрт-законот за Комитетот за вештачка интелигенција, кој ќе гласа за него на 11 мај.