Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Приведени речиси 300 демонстранти во Франција по судирите со полицијата

Најмалку 108 полицајци се ранети, а речиси 300 демонстранти приведени низ цела Франција откако денеска на првомајскиот протест избија судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Оваа информација ја соопшти францускиот министер за внатрешни работи Џералд Дарманин.


Стотици луѓе излегоа на улиците во неколку градови во Франција за да се спротивстават на пензиската реформа на францускиот претседател Емануел Макрон.


Макрон минатиот месец потпиша закон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, и покрај повеќемесечните штрајкови против законот.


Во Париз, радикалните демонстранти фрлаа камења врз полицијата и кршеа излози на банки и агенти за недвижнини, а безбедносните сили одговорија со солзавец и водени топови, јавија дописниците на новинската агенција Франс прес.




Додека полицијата се обидуваше да го разбие протестот на крајот, дел од демонстрантите запалија пожар кој пожар кој се прошири на една зграда, при што интервенираше противпожарната служба.


Полицијата во последен момент доби зелено светло да користи беспилотни летала како безбедносна мерка, откако судот во Париз ја отфрли петицијата на групите за заштита на човековите права тие да не се користат.


Безбедносните сили употребија солзавец во Тулуз во јужна Франција додека избија тензии за време на демонстрациите, додека четири автомобили беа запалени во југоисточниот град Лион.


Во западниот град Нант, полицијата употреби и солзавец откако демонстрантите фрлаа камења и други предмети, јавија дописниците на АФП.


Демонстрантите накратко го окупираа луксузниот хотел Интерконтинентал во јужниот град Марсеј, кршејќи саксии и оштетувајќи го мебелот.


„Во многу градови во Франција, овој Први мај беше момент за одговорна мобилизација и посветеност. Сцените на насилство на маргините на демонстрациите се уште понеприфатливи“, напиша премиерката Елизабет Борн на социјалната платформа Твитер.


Дарманин  изјави дека еден полицаец кој бил погоден со молотов коктел добил изгореници по лицето и рацете, но неговиот живот не е во опасност.


Околу 782.000 луѓе протестираа низ Франција, вклучително и 112.000 само во Париз, соопшти Министерството за внатрешни работи. Синдикатот CGT соопшти дека брои 2,3 милиони демонстранти низ Франција, вклучувајќи 550.000 во главниот град.


Одѕивот беше масовно поголем од први мај минатата година, но помал од најголемите протести забележани против пензиската реформа оваа година.


„Решеноста да се победи е недопрена“, рече шефицата на CGT Софи Бине на протестот во Париз.



„Мобилизацијата е сè уште многу, многу силна“, додаде Лоран Бергер, шеф на синдикатот CFDT.



„Тоа е знак дека незадоволството и гневот не се намалуваат“, вели тој.



Овој првомајски протест беше прв по 2009 година кога сите осум главни француски синдикати се приклучија во повикот на протести.


Организаторите ја гледаат пензиската реформа како закана за правата на работниците, додека Макрон тврди дека тоа е економски неопходно бидејќи населението старее.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *