Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Во Судан договорен седумдневен прекин на огнот

Завојуваните судански воени фракции постигнаа начелен договор за седумдневен прекин на огнот, објави Јужен Судан, додека пукотниците и воздушните напади во главниот град Картум го нарушија последното во серијата краткотрајни примирја договорени од двете страни, пренесува Ројтерс. 



Претходните прекини на огнот теоретски се движеа од 24 до 72 часа, но беа постојано прекршувани во конфликтот што избувна во средината на април меѓу армијата и паравоените сили.



Министерството за надворешни работи на Јужен Судан во вторникот соопшти дека за посредување се залагал неговиот претседател Салва Киир, кој ја истакнал важноста од подолг прекин на огнот и назначување мировни пратеници.



Со оглед на претходните прекршувања на договорените прекини на огнот, сè уште не е сосема сигурно дали прекинот на огнот меѓу армијата на суданскиот воен командант Абдел Фатах ал-Бурхан и генералот Мохамед Хамдан Дагал, кој ги предводи паравоените сили на Силите за брз одговор, ќе се одржи од 4 до 11 мај.




Претходните прекини на огнот беа договорени во времетраење од 24 до 72 часа, што двете завојувани страни сепак го прекршија. Во меѓувреме, редовната армија и паравоените единици меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето и продолжуваат со борбите и покрај предупредувањата дека тоа може да прерасне во катастрофална граѓанска војна.



Од почетокот на војната пред три недели, повеќе од 100.000 луѓе го напуштија Судан, а борбите меѓу двете конфликтни страни предизвикаа хуманитарна криза, предупредија претходно претставници на ОН.



Најмалку 528 луѓе се убиени, а 4.599 се ранети, според Министерството за здравство и Обединетите нации, откако долготрајната борба за моќ експлодира во вооружен конфликт меѓу двајцата генерали, поранешни соработници.



Претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан, кој е врховен командант на суданската армија, се бори против неговиот заменик Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти, водач на моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ).



Евакуацијата на странски државјани - дипломати, бизнисмени и студенти од Судан продолжува во една од најголемите такви операции по 2021 година, кога Талибанците повторно дојдоа на власт во Авганистан.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *