Граѓаните најмалку им веруваат на партиите, а најмногу на армијата
Краткиот извештај од годишното истражување за јавната перцепција за работата на Собранието, квалитетот на живот, политичките прашања и довербата во институциите во Северна Македонија содржи информации што се основаат на ставови од граѓаните во кои тие дадоа оцена на низа прашања на скала од еден до 10.
Во однос на најважните институции во политичкиот систем, Претседателот на државата има највисока доверба -
3.6, додека најниска оценка доби судството со 2.7. Собранието (3.4) и Владата (3.3) беа оценети речиси исто. Граѓаните имаат ниска доверба и во јавното обвинителство (2.7) и во политичките партии (3.0). Генерално, може да се забележи ниска доверба во сите општествени чинители и државни институции.
Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока (69%), додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион (80%).