Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Вучиќ: Немаме план за решавање на кризата на северот на Косово

„Не можам да потврдам дека имаме план“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со Жосеп Борел, шефот на европската дипломатија и Мирослав Лајчак, претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Косово и Србија. 


Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во одвоени средби се сретнаа со европските претставници во Брисел. Целта на средбите е да се смират тензиите на северот на Косово. На новинарско прашање дали некој го има клучот за решавање на кризата во Косово, Вучиќ одговори дека го нема. 


„Се плашам дека сè отиде предалеку и се плашам дека луѓето не разбраа што зборував пред две години, пред една година“, изјави српскиот претседател.


Вучиќ проговори и зошто не се сретнал со Курти.


„Отсекогаш доаѓав на секој разговор, верувам дека дијалогот е корисен и лековит, дека е важно да се зборува, дека проблемите ги надминуваме со разговор. Но, во овој момент, не само што не гледам причина да разговарам со човек кој секој ден провоцира и сака да предизвика конфликт... и мислев дека тоа ќе направи само поголема штета“, изјави Вучиќ. 




Пред средбата со Вучиќ, шефот на европската дипломатија Борел, на Твитер напиша дека се потребни „конструктивни идеи и подготвеност за компромис за решавање на кризата на северот на Косово“, и дека очекува страните „да ги смират тензиите и да ги исполнат обврските без предуслови“.


Европските лидери настојуваа да организираат заедничка средба со Курти и Вучиќ, но, сепак, не успеаја во намерата. 


На северот на Косово се зголемија тензиите од крајот на мај, што во неколку наврати доведе до насилство, бидејќи локалното српско население се противи на доаѓањето на градоначалниците Албанци. Србите ги бојкотираа априлските локални избори и сега не ги прифаќаат резултатите.




Косовската полиција досега уапсила шест лица од северот под сомнение дека учествувале во криминални активности, додека на тројца им е изречена мерка притвор од еден месец.



Ситуацијата дополнително се заостри по апсењето на косовските полицајци од страна на српските сили.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *