Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Од 1 јули малку повисоки сметки за струја за тие што штедат

Сметката за струја за домаќинства со просечна потрошувачка од први јули ќе се зголеми за 2,5 отсто ако ДДВ-то за струјата се врати на 18 отсто од сегашните 10 проценти кои беа донесени како антикризна мерка, рече на 26 јуни претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.



РКЕ одредува цени на струјата без ДДВ, па така од 1 јули годинава цената на струјата за првите два блока потрошувачи ќе се намали, за околу 7 проценти во првиот и за околу 4 проценти во вториот, а ќе има зголемување од околу 2,5 проценти за третиот и за четвртиот блок.



Од 1 јули се враќа одредбата според која на сметките за струја ќе им се пресметува и 18 проценти ДДВ наместо досегашните 10, па затоа и крајните сметки ќе бидат за некој проценти повисоки.



Семејство што досега плаќало 2500 денари за струја, од сега ќе плаќа за околу 60 денари поскапо.



Бислимоски рече дека се обиделе да бидат максимално креативни во одредување на цените за да нема големо поскапување.






Пред една година домаќинствата беа поделени во четири тарифни блокови, и оние што имаат ниска или просечна потрошувачка имаат и поевтина струја.



На почетокот на минатата година за да се избегнат ценовни шокови Владата одлучи ДДВ-то на струјата да го намали од 18 на пет проценти, а од почетокот на оваа се зголеми на 10 проценти. Таквата одредба истекува на крај на месецов.



„Доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка. Ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто, ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто“, рече Бислимоски.



Тој најави дека од 1 декември ќе се врати и евтината струја преку ден, од 13 до 15 часот, со што сметките за струја на просечно домаќинство ќе се намалат за 5 проценти.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *