Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Лидерите на ЕУ ќе поддржат забрзан прием на Западен Балкан и ќе го осудат насилството во Косово

Лидерите на ЕУ ќе поддржат забрзан прием на Западен Балкан и ќе го осудат насилството во Косово.



Лидерите на Европската унија (ЕУ) на претстојниот самит ќе разговараат за состојбите на Западен Балкан и ќе ја потврдат посветеноста на проширувањето на Унијата со земји од овој регион.



На самитот што ќе се одржи на 29 и 30 јуни, претседателите и премиерите на земјите членки на ЕУ ќе се потсетат на Декларацијата од самитот во Солун, кога пред 20 години беше потврдено дека вратите на ЕУ се отворени за земјите од регионот.



„Европскиот совет ја повторува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ и поддршката за забрзување на пристапниот процес“, се вели во нацрт-заклучоците, до кои Радио Слободна Европа (РСЕ) има пристап. Овие заклучоци ќе бидат усвоени од лидерите на крајот на самитот.


Дека ќе се расправа за регионот потврди и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во поканата што ја упати до лидерите за собирот в четврток и петок.


Во рамките на дискусијата лидерите на ЕУ посебно ќе се осврнат на тензиите меѓу Србија и Косово.



Во таа насока, се очекува тие да ги осудат насилните инциденти на северот на Косово и да повикаат на итна деескалација на ситуацијата, врз основа на клучните елементи кои ЕУ веќе ги истакна на 3 јуни 2023 година.






„Страните треба да создадат услови за предвремени избори во четирите општини на северот на Косово. Неуспехот да се деескалираат тензиите ќе има негативни последици“, е пораката од заклучоците кои се очекува да бидат усвоени.



Лидерите на ЕУ ќе ја истакнат и важноста од продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија и брзото спроведување на договорот на патот кон нормализација на односите, вклучително и формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *