Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Маричиќ: Првото гласање за уставните амандмани до крајот на јули

„Наша должност во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ  на 28 јуни во телевизиско интервју за ТВ 24. 


Вицепремиерот вели дека минатите уставни измени Северна Македонија ги направила за три месеци и сметам и дека и сега ќе се создадат услови за двотретинско гласање. Според него, постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии.


„Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември. Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење“, истакна Маричиќ.



Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифингот со новинари одржан на 27 јуни, истакна дека Собранието во секој момент е подготвено да ја почне постапката за уставни измени. Но, кажа и дека нема најава кога уставните измени би можеле да влезат во собраниска процедура.






Како што рече Џафери, пратениците се во постојано заседание, така што дури и да треба да се гласа во август за утврдување на потребата за уставни измени, за нив нема да има никаква пречка.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *