Државите од Западен Балкан се минимално фискално транспарентни, соопшти Стејт департментот
Во извештајот се наведува дека од 140 оценети земји, владите на 72 ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност.
Процесот на ревизија на фискалната транспарентност на Стејт департментот проценува дали владите на државите ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност.
Извештајот содржи и оценка за транспарентноста на процесот за доделување државни договори и дозволи за експлоатација на природни ресурси.
„Фискалната транспарентност е клучен елемент за ефективно управување со јавните финансии и помага да се изгради доверба на пазарот“, се вели во извештајот на Стејт департментот објавен на 27 јуни 2023 година.
Овој извештај го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 година. Во оценката беа земени предвид информациите од американските амбасади и конзулати, меѓународните организации и граѓанските организации.