Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Курти: Мерките на ЕУ за Косово се неправдени

Косовскиот премиер Албин Курти ги оцени како непревадни мерките што ги усвои Европската унија против Косово поради непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата. Курти рече дека не се работи за санкции, туку за мерки кон Косово кои се неправедни, пренесува Бета.


„Косово не може да прави компромиси со владеењето на правото или со уставноста, па затоа ќе продолжи да ја спроведува владината програма. Косово и неговата влада ја сочинуваат најдемократската, проевропската и најнапредната државна и извршна власт. Од друга страна, имаме постојана конфронтација со различни форми на агресија од Србија, која е автократска и проруска држава и која не се соочи со своето криминално минато на територијата на поранешна Југославија, каде што предизвика четири војни“, изјави Курти за медиумите.


Тој изрази надеж дека мерките на ЕУ ќе бидат краткотрајни и оти ќе продолжи поддршката од Брисел за Приштина.


Курти рече дека Косово е подготвено и заинтересирано многу повеќе од Србија за нормализација на односите, со де факто признавање на косовската независност.


„Ние сме за деескалација на ситуацијата, за да има мир и спокој на северот на Косово, а Косово и Србија како две земји да градат соседски односи од европски тип,“ рече косовскиот премиер.




Мерките на ЕУ против Приштина предвидуваат привремено прекинување на работата на работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Косово исто така нема да биде покането на состаноци на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат прекинати.


Стапувањето во сила на овие мерки вчера го потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кога посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан.


Од Брисел нагласија дека мерките се привремени и зависат од развојот на настаните на терен и одлуката за деескалација што може да ја донесе премиерот на Косово Албин Курти.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *