Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Додик порача дека не ги прифаќа одлуките на високиот претставник Шмит

Претседателот на Република Српска, Милорад  Додик уште еднаш порача дека Националното собрание на ентитетот со кој тој претседава нема да ги прифати одлуките што ги донел, како што рече, „лажниот висок претставник“ Кристијан Шмит.


Неговата изјава следува еден ден откако Шмит отфрли две антидејтонски одлуки на собранието, дека РС нема да ги почитува одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и одлуките на високиот претставник.


„Нема да прифатиме каква било одлука што ја донел тој (Кристијан Шмит). Ако Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина постапат според неговите одлуки, ќе донесеме закон во РС со кој ќе ги отфрлиме тоа обвинителство и Судот“, рече Додик,  претседател на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи во РС (СНСД).




Додик во своето обраќање до медиумите рече и дека е можно до крајот на годината „Република Српска да распише референдум за важни прашања“.


Во саботата, 1 јули, Шмит ги запре сите процеси поврзани со законите на собранието на ентитетите за непочитување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и необјавување на одлуките на високиот претставник во Службен весник на РС, што би значело дека одлуките на високиот претставник повеќе нема да се признаваат како официјални.


Во последното извршување на овластувањата во Бон, Шмит ги промени и одредбите од Кривичниот законик на БиХ, проширувајќи го така што дејствијата што го нарушуваат уставниот поредок ќе се третираат како кривично дело. Непочитувањето на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина е исто така криминализирано.


Официјални претставници на РС, предводени од Додик, ја оспоруваат легитимноста на високиот претставник, бидејќи на неговото официјално назначување во Советот за безбедност на Обединетите нации се спротивставија Кина и Русија. Други земји рекоа дека нема потреба од тоа.


Додик рече дека тоа е „синхронизиран, гнасен, дизајниран напад врз Република Српска и Србија со цел да се соборат властите во РС и Србија и да се персонализира вината на претседателите и носителите на најважната политичка моќ со цел да се ослабне народот, волјата за борба, а со тоа и борбата за држави“.


Додик, додаде дека „засега не го оспорува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, туку го оспорува нејзиниот суверенитет, бидејќи е загрозен“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *