Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Претставен планот за деескалација на состојбата во Косово пред шефовите на ОБСЕ во Белград, Приштина и Скопје

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Скопје го презентираше планот од 9 точки кој, како што е соопштено, треба да помогне за деескалација на состојбата и да придонесе за постигнување траен мир и стабилност, како и за враќање на косовските Срби во институциите и во демократските процеси.


Тој оствари средба со шефовите на Мисиите на ОБСЕ во Србија, Косово и во Скопје, амбасадорите Јан Брату, Мајкл Девенпорт и Килиан Вал, во чиј фокус, како што информираат од МНР, била состојбата на северот на Косово и односите помеѓу Белград и Приштина.


„Охрабрувачки е да се слушнат нивните мислења за потенцијалните перспективи на планот за деескалација на ситуацијата што како Претседавач со ОБСЕ го претставив. Понудениот патоказ поттикнува атмосфера на дијалог и соработка“, рече Османи на средбата, наведуваат во соопштението од МНР.




Тој истакнал дека од особено значење е помирувањето како клучен приоритет чекор напред кон постигнување траен мир и соработка во регионот.


Покрај тоа, Османи пред шефовите на Мисиите на ОБСЕ во Србија, Косово и Скопје ги претстави и приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ фокусирани на Југоисточна Европа. Овие приоритети се насочени кон зајакнување на довербата, борбата против корупцијата и климатска акција. 


Во насока на приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, Османи и амбасадорите разговарале и за претстојната Конференција за антикорупција во Југоисточна Европа што ќе се одржува во земјава.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *