Албанскиот премиер Еди Рама од Скопје порача дека не носи вест за смртта на иницијативата Отворен Балкан, но таа треба да се тргне малку настрана, со цел нов фокус на Берлинскиот процес. За македонскиот премиер Димитар Ковачевски „Отворен Балкан“ е жив и не е во спротивност со Берлинскиот процес.