Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Груби - Опожареното „ауди“ е дел од континуирани напади врз мене

Возилото „ауди“ кое било опожарено рано утрината на 22 јули во скопската населба Чаир не било во сопственост на првиот вицепремиер Артан Груби, туку на негов сосед и пријател, но го смета како напад врз него и она што го работи во Владата. Ова го напиша Груби на социјалните мрежи откако медиумите објавија дека опожарениот автомобил тој го користел, иако полицијата (МВР) за Радио Слободна Европа одговорија дека опожареното возило е во сопственост на друго лице. 


Груби попладнево на Фејсбук напиша  дека синоќа се соочил со напад. Во постот тој им се заблагодарува на безбедносните сили поради нивните напори да го решат „синоќешниот напад“ и напиша дека се соочувал со континуирани закани и последователни напади.


„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија“, вели Груби во неговата објава на социјалната мрежа.




Груби вели дека во политиката бил за да служи и да остави трага со работа и дела, а не да му се тероризира семејството, соседите и пријателите.


„Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите“, вели Груби.




Се огласи и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој го осуди чинот на поднетнување пожар врз возилото поврзано со неговиот сопартиец и прв вицепремиер  Груби.


„Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата“, вели Османи.


Во врска со случајот, во соопштението на МВР е наведено дека на 22 јули околу 3:30 часот наутро било пријавено дека настанал пожар на улица „Струмичка“ во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички и дека сопственик на возилото е лице со иницијали Б.Л. на 35-годишна возраст.


Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *