Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Пожари во Грција - евакуирани жители и туристи на Родос

Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, попладенво превентивно се евакуираат жителите и туристите од грчкити области Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос, поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола, пренесуваат локалните медиуми. 


Преку бројот 112 за итни случаи, денеска биле испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели, пренесува МИА. 


Според телевизијата ЕРТ, успешно биле спасени и пожарникари заглавени во планински манастир, откако обидувајќи се да ги убедат монахињите да се евакуираат и да го напуштат манастирот ги опколиле огнените јазици и останале заглавени во подрумот.


Локалните медиуми од Родос коментираат дека источниот дел од островот е поделен на пола, со оглед на тоа што се затворени патиштата.




Во Грција и викендов важат предупредувањата за високи температури, а метеоролозите предупредуваат дека може да достигнат и до 45 Целзиусови степени.


На јавноста ѝ е препорачано да не излегува надвор освен ако е апсолутно неопходно, а туристичките атракции ќе бидат затворени во најжешките делови од денот овој викенд.


Еден од водечките грчки метеоролози рече дека овој викенд би можел да биде најтоплиот јулски викенд во последните 50 години.


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повика на „апсолутна будност“.


Пожарите и денеска продолжија да се шириат, а пожарникарите се борат со десетици шумски пожари.


Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека активното жариште е во три области, а интервенираат 173 пожарникари со десет пешадиски тима, 35 возила, пет хеликоптери, три авиони, а како и пешадискиот тим од 31 пожарникар со пет возила од Словачка. 


Службениците за итна помош и цивилна заштита предупредуваат на многу висок ризик од нови пожари низ целата земја.


Областа на западна Атина е меѓу најтешко погодените. Партнерите на Грција од ЕУ дадоа помош, вклучително и испраќање противпожарни авиони од Франција и Италија и повеќе од 200 пожарникари од Полска, Словачка, Романија и Бугарија.


Официјалните лица стравуваат дека ова може да биде најлошиот топлотен бран од летото 1987 година, кога стотици смртни случаи беа поврзани со екстремните временски услови.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *