Противпожарните бригади кубурат и со кадар и со нова опрема за гасење пожари. Неодамнешното истражување на Центарот за граѓански комуникации покажува дека на ниво на држава недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги користат се стари во просек по 27 години.