Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

За прв пат по 20 години во Сингапур ќе биде погубена жена поради дрога

Сингапур во петок, 28јули треба да погуби жена за прв пат по речиси 20 години, што е една од двете планирани егзекуции за оваа недела, пишува The Guardian.


Сингапурката Саридеви Џамани беше осудена на смрт во 2018 година, откако беше прогласена за виновна за поседување околу 30 грама хероин, за кој полицијата рече дека планирала да го продаде.


Ако тоа се случи, активистите велат дека таа ќе биде првата жена што ќе биде погубена во Сингапур од 2004 година кога Јен Меј Воен, 36-годишна фризерка, беше обесена поради трговија со дрога.


Денеска исто така треба да биде погубен Мохд Азиз бин Хусеин, 56-годишен Малаец осуден на смрт во 2018 година, откако беше прогласен за виновен за трговија со приближно 50 грама хероин.


Сингапур има некои од најстрогите закони за дроги во светот и е под меѓународна критика во последниве години за егзекуција на затвореници осудени за прекршоци за дрога.




Кирстен Хан, новинарка и активистка која поминала една деценија во кампања против смртната казна вели дека Џамани е една од двете жени осудени на смрт во Сингапур.


„Откако ги исцрпи своите жалби, беше само прашање на време кога ќе добие известување за егзекуција. На властите не им е гајле што повеќето осуденици на смрт доаѓаат од маргинализирани и ранливи групи. Осудените на смрт се оние кои се сметаат за непожелни и од нарко-картелите и од државата Сингапур. Ова не е нешто со што Сингапурците треба да се гордеат“, вели  Хан.


Владата тврди дека смртната казна е ефективна алатка во борбата против дрогата во таа земја, дека ја одржува земјата безбедна и дека има широка јавна поддршка. Тврдат и дека нивните судења се фер.


Истражувањето на Амнести интернешенел покажа дека Сингапур е една од неколкуте земји кои егзекутирале луѓе за злосторства поврзани со дрога во изминатата година, заедно со Кина, Саудиска Арабија и Иран.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *