ЕВН и жителите на Слупчане постигнаа договор за реконструкција на мрежата
„Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август, годинава“, информираа од ЕВН.
И пред околу три недели, жителите на Слупчане ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.
И во претходните случаи како медијатор беше вклучен Бектеши кој за разлика од претходно, денеска не излезе на теренот, но, порача дека секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.