УЕФА го одложи натпреварот по судирот меѓу навивачите на АЕК и Динамо во Атина
Министерот за внатрешни работи Јанис Иконому во вторник, на 8 август, суспендирал седум високи полициски службеници, а била отворена внатрешна истрага поради доцнењето на полициската интервенција, а отворена е и кривична истрага против сите инволвирани.
Грчката полиција соопшти дека уапсила 88 навивачи, главно од Хрватска. Натпреварот кој требаше да се одигра на 8 август е откажан, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).
По смртта на навивачот, грчките власти побарале сите навивачи да бидат исклучени од натпреварот меѓу АЕК од Атина и хрватскиот Динамо од Загреб во Опап Арената, јавува Асошиетед прес (АП).