Пензионерите протестираа за повисоки пензии
На протестот, кој се одржа во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест.
Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.
Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17 666 денари се зголеми на 19 150 денари.
Согласно најавеното покачување на пензиите од 6 отсто за септември, најголемо покачување од 1620 денари ќе добијат корисниците на воена пензија, додека најниско покачување на пензиите ќе добијат земјоделците, односно 588 денари.
Во изминатите денови имаше протест на пензионерите и во другите градови. Тие бараа зголемување на пензиите од септември за 3 500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.