Д-р Фридман: Македонскиот јазик е посебен словенски јазик, постои и ќе постои
Професорот Фридман забележа дека повеќе од јасно е оти македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија, преку морфологија, до лексика, синтакса...
„Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разбираат кога заедно се сретнуваат, а никој не кажува дека норвешки е шведски дијалект или обратно, нели. Во тоа е работата, дека скандинавците се многу понапреднати од Бугарите“, изјави Фридман.
Професорот Фридман, кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите.
Бугарија го негира постоењето на македонскиот јазик како посебен, исто како и посебноста на македонскиот народ, нарекувајќи ги „комунистичка и титова творба“.