Жешко во Северна Македонија, пеколно во Франција
Максималната температура ќе достигне до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје од 20 до 37 степени.
Франција пак, издаде црвено предупредување за јужните региони поради екстремно топлото време, а температурите се очекуваат да достигнат до 41 Целзиусов степен во долината на Рона.
Предупредувањето им дозволува на локалните власти да откажат спортски и културни настани и да ги затворат јавните простори доколку е потребно.
Департманите погодени од црвениот аларм, ги вклучуваат Рона, Дрон, Ардеш и Горна Лоара, соопшти Метео Франс.
Француската метеоролошка служба веќе шести пат издава црвено предупредување како дел од владината програма за заштита на населението при екстремни временски услови, но ова е првпат годинава.