Африканската унија го суспендираше Нигер
Минатомесечниот пуч предизвика тревога кај западните сојузници и демократските африкански држави, кои стравуваат дека тоа би можело да им дозволи на милитантните групи во регионот Сахел да го прошират својот дофат и да ѝ дадат на Русија основа да го зголеми своето влијание.
Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) се обидува да преговара со хунтата, но вели дека е подготвена да испрати војници во Нигер за да го врати уставниот поредок доколку дипломатските напори не успеат.
Советот за мир и безбедност на Африканската унија во вторникот, 22 август објави дека ја забележал одлуката за активирање на стендбај силите ECOVAS и побара од Комисијата на АУ да ги процени економските, социјалните и безбедносните импликации од распоредувањето на таквите сили.