Бајден го посети хавајскиот остров Мауи по големиот пожар
„Гледаме што е следно. Пред сè, реконструкција, долгорочна. И тоа ќе го направиме заедно“, рече Бајден, видно вознемирен по посетата на Лахаина, која претрпе најтешко од пожарите.
Тој додаде дека ќе се погрижи гласот на луѓето да се слушне и дека ќе ги почитува локалните традиции.
„Американскиот народ е со вас. Колку што е потребно, ние сме со вас“, рече тој во обраќањето до преживеаните, заедно со гувернерот Џош Грин, сенатор од Хаваи и претставник на Мауи во Конгресот.
Околу 850 лица се уште се водат како исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи, изјави градоначалникот на таа област Ричард Бајсен.
Повеќе од 1.200 луѓе кои се водат како исчезнати се пронајдени безбедни, рече Бајзен во понеделникот, 21 август, и се очекува бројките да се променат.
Потврдена е смртта на 141 лице.