Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Владини мерки за земјоделците, мелничарите да кажат зошто сакаат поскапување на лебот

Цените на житото годинава се преполовени. Мелничарите се снабдија со суровина по цена од 11 денари, а не по цена од 20 денари. Затоа, треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал поскапување на лебот на грбот на граѓаните, рече денеска, 22 август 2023, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по најавите за можни покачувања на лебот.


Според Николовски, новите три мерки што ги донесе Владата на денешната седница и кои ќе се реализираат преку Интервентната програма, се насочени кон земјоделците зашто тие, како што напомена, се најпогодени. Новите три мерки што ги донесе Владата денеска се: три денари по килограм поддршка за остварено и предадено или складирано производство на пченица, за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, како и поддршка за домат и краставица.


„Мелничката индустрија оваа година се снабди со суровина која е преполовена и фер и коректно е да не се шпекулира и шпекулативно да не се создаваат цени. Ова е специфична година во која цената на житото на светските берзи беше преполовена, но и нашата мелничка индустрија се снабди со суровина која што е по цена од 11 денари, не по цена од 20 денари. Електричната енергија за разлика од минатата година исто така е стабилизиран пазарот и цените. Треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал покачување на цената на лебот на грбот на граѓаните кога мелничката индустрија се снабди со драстично поевтина суровина оваа година. И токму затоа нашата поддршка е со дополнителна поддршка на тие коишто го произведуваат житото, а тоа се земјоделците“, потенцира министерот.




Според него, цените на светските берзи на житото оваа година се преполовени и затоа државната поддршка преку Интервентната програма, напомена, е насочена кон производителите.



„Ние и минатата година немавме поддршка од дополнителен еден, два или три денари за пченицата за откупот. Зошто? Затоа што цената откупна на пченицата беше и 20 и 22 денари зависно од квалитетот. Дури ни такво барање не беше воспоставено. Се сеќавам дека дури и тогаш немаше зголемување на цената на лебот, а камоли сега кога зборуваме за преполовени откупни цени на пченицата. Нашата цел е државната поддршка да ја насочиме кон оние што беа најпогодени. Тоа не е мелничката индустрија. Тоа се производителите и нашата цел е да го задржиме и стабилизираме домашното производство на пченица и на долг рок да станеме увозно независна, на среден и на долг рок“, подвлече Николовски кој претходно ги објасни трите нови мерки за финансиска поддршка на производителите на пченица, семенски материјал и градинарски култури.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *