Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Три членки на ЕУ се закануваат со затворање на границата со Белорусија

Полска и двете балтички земји целосно ќе ги затворат границите со Белорусија доколку дојде до инцидент со платениците од Вагнер групата, изјави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.


Членките на Европската унија, Латвија, Литванија и Полска, кои ја делат границата со Белорусија, се загрижени за безбедноста на своите граници по доаѓањето на платениците на Вагнер во Белорусија на покана на белорускиот претседател Александар Лукашенко.


Полска бележи зголемување на бројот на мигранти претежно од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да ја преминат границата во последните месеци и ја обвини Белорусија дека им помага.




„Бараме од властите во Минск, Вагнер веднаш да ја напушти територијата на Белорусија и илегалните мигранти веднаш да ја напуштат граничната област и да ги вратат во нивните матични земји. Доколку има критичен инцидент, без разлика дали е на полската или литванската граница, веднаш ќе возвратиме. Сите гранични премини што беа отворени досега ќе бидат затворени“, изјави Камински за новинарите.


Белоруското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.


Со оглед на тоа што шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се верува дека загинал во авионска несреќа минатата недела, судбината на мрежата на воени и комерцијални операции што тој и Вагнер ја создадоа за Русија низ Европа, Блискиот Исток и Африка виси на конец.


Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите за медиумите изјави дека постојат два критериуми кои можат да доведат до затворање на границата.


„Пред сè, вооружен инцидент на границата на една од државите. Инцидентот треба да претставува сериозна закана за националната безбедност. Вториот критериум е масовен пробив на мигранти преку границата на една од државите“, рече таа. 




Билотајте рече дека литванското Министерство за внатрешни работи ќе и предложи на владата да затвори два од четирите преостанати гранични премини со Белорусија, што, според неа, ќе го спречи криумчарењето и ќе концентрира повеќе полиција на преостанатите гранични премини.


Полска годинава ги затвори сите гранични премини со Белорусија, освен еден, откако затвори новинари од полско потекло и протера полски дипломати.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *