Русија поседува дел од бугарскиот брег на Црното Море, а се чини дека на Софија не и пречи
Во 2008 година, владата на Москва купи земјиште во селото Близнаци, кај туристичкиот град Варна и покрај тоа што тогашниот бугарски закон им забрануваше на странските поединци и компании да вршат такви набавки. Политичките активисти во Бугарија, заедно со поранешните функционери, започнаа кампања со барање Софија да го врати комплексот од Русија. Тие се сомневаат дека тој може да биде ризик за националната безбедност на Бугарија