Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми
Само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните преглед за скрининг гинеколошки карциноми алармираа денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).
Тие велат дека одѕивот е минимален во руралните средини, но дека и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура.
Според честотата, кај нас најчести се ракот на грлото на матката, на ендометриумот, односно на внатрешната лигавица и ракот на јајникот. Од МАГО нагласуваат дека дека освен подигањето на свеста, неопходно е да има и организиран скрининг со голема покриеност на женската популација.
„Од 2015 година се менуваат протоколите како се изведува скринингот, а има насоки и од Светската здравствена органзиација, дека треба да се премине од Папаниколау брисот на ХПВ тест како примарен скрининг, истакна Горан Димитров, претседател на Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво.
Од Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина-М истакнаа дека според смртноста, ракот на грлото на матката е четвртиот предизвикувач во однос на сите други карциноми, поради што неопходно е да се подига јавната свест за превентивни лекарски прегледи.