Најмалку 25 повредени во пожар во полициска зграда во Египет
Најмалку 25 лица се повредени во пожар во полициската зграда во египетскиот град Исмаилија, известија службите за итни случаи.
Медиумите јавија дека пожарникарите по неколку часа успеале да го стават под контрола пожарот.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа зградата на градската управа за безбедност во пламен.
Извори од Цивилната одбрана изјавија дека од пожарот се урнал дел од зградата.
Причината за пожарот засега не е позната.