Најмалку 169 израелски војници загинаа во борбите со Хамас
„Од утрово ги известивме семејствата на 169 паднати војници на Израел“, изјави за новинарите портпаролот на армијата Даниел Хагари, додавајќи дека се контактирани и семејствата на 60-те лица кои беа киднапирани и однесени во Газа.
Тој рече дека во изминатите два дена не се регистрирани нови упади на милитанти од Газа, но додаде дека „стотици тела“ на убиените напаѓачи се уште се на границата.
„Тоа го покажува обемот на борбите во таа област. Тие имаа намера да ја освојат територијата, не планираа да извршат инвазија и да се вратат во Газа“, рече Хагари.
Најмалку 1.200 луѓе се убиени во Израел откако Хамас започна брутален напад на Израел во саботата.