Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Уште девет македонски државјани го напуштија Израел

Уште девет наши државјани го напуштија Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: Четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград, соопштија од Министерството за надворешни работи, од каде потсетуваат и дека вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани кои досега ги напуштија воените подрачја во Израел. 


Министерството за надворешни работи соопшти дека дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.


„За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска. Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив е во постојана комуникација со сите нашите државјани во Израел и во координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни. Точната бројка на наши државјани кои се пријавиле за асистенција за нивно заминување од Израел постојано се менува, но во моментов, таа не надминува 100 наши државјани“, се посочува во соопштението од МНР.




Во меѓувреме, МНР апелира до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.


Оттаму потсетуваат дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони - 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *