Влада на национално единство ќе раководи со Израел додека трае војната со Хамас
„Ќе се формира „воен кабинет за управување“ со три членoви: премиерот, министерот за одбрана и претседателот на Националното единство“, се вели во соопштението на израелската влада.
Тоа значи дека за време на воениот период „нема да се промовираат никакви нацрт-закони или владини одлуки кои не се однесуваат на водење на војната“, а и сите високи назначувања автоматски ќе бидат продолжени за време на воениот период.
По големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, кој владее со Појасот Газа.
Повеќе од 600 Израелци беа убиени во саботата, повеќе од 100 луѓе се киднапирани, а повеќе од 2 000 биле повредени.