Блинкен во Тел Авив за да ја пренесе американската поддршка за Израел
Тој соопшти дека ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, претседателот Исак Херцог и други високи претставници по слетувањето во текот на денов.
Блинкен повтори дека САД се решени да се погрижат Израел да има средства да се брани.
Тој наведе дека САД ќе продолжат да работат за да не се приклучат дополнителни актери во борбата против Израел, додавајќи дека ќе работи со израелските колеги за да ги лоцира заложниците - меѓу кои има и американски државјани - за нивно ослободување.
Прашан дали администрацијата на Бајден го повика Израел да покаже воздржаност во одговорот на нападите на Хамас, Блинкен кажа:
„Знаеме дека Израел ќе ги преземе сите мерки на претпазливост - исто како и ние. Тоа е она што нè одвојува од Хамас и терористичките групи кои се занимаваат со најгрозоморни активности“.
Во меѓувреме, израелските одбранбени сили соопштија дека најмалку 1200 Израелци биле убиени во нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел. Покрај тоа, повеќе од 2700 луѓе биле повредени.
Од друга страна, палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати Палестинци во офанзивата на израелските сили на Појасот Газа е зголемен на 1200, додека околу 5 600 лица се повредени.