Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Курти: Се зголемува ризикот од повторени напади од „српските криминални структури“

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека постои зголемен ризик од повторени насилни напади од „криминалните структури на Србија на Косово“.


Говорејќи на седницата на Владата на Косово во Приштина, Курти рече дека нивната главна цел е „да ја обвинат косовската полиција и да ја претстават како сила која ги угнетува косовските Срби“.


„За да го постигнат тоа нема да бираат никакви средства“, рече косовскиот премиер.


Курти го упати ова предупредување околу три недели откако косовската полиција беше нападната на 24 септември од вооружена група Срби во селото Бањска во општина Звечан, каде што беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Во подоцнежните борби во Бањска загинаа тројца српски напаѓачи.


Србија ги отфрли обвинувањата на Косово дека стои зад нападот, кој косовските власти го опишаа како „обид за анексија на северно Косово“.


Одговорноста за нападот ја презеде Милан Радоичиќ, тогашен потпретседател на најголемата партија на Србите на Косово, Српската листа, која ја поддржува и официјален Белград.


„За жал, поддршката што терористичката група ја доби од Србија, од една страна третирајќи ги како херои и маченици, а од друга страна со интензивирање на активностите на армијата долж границата со нашата република, само ги охрабри“, додаде Курти. 




Тој ги повика косовските Срби „да бидат внимателни во наредните денови, недели и месеци“ и да не учествуваат во „исценирани и злонамерни акти на насилство“.


„Во Косово сите сме еднакви граѓани бидејќи државата е легална, а општеството е демократско. Нема непожелни заедници. Ве повикувам да се потпрете на косовската полиција и да пријавите сомнително однесување на поединци во вашите заедници“, рече Курти.


Нападот во Бањска го осудија САД и Европската Унија (ЕУ).


Портпаролот на ЕУ Петер Стано на 2 октомври изјави дека Брисел ги чека целосните резултати од истрагата, за да има јасна слика за тоа што се случило и дека врз основа на тоа земјите-членки ќе донесат одлуки, вклучително и можни мерки против Србија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *